Скокни на главната содржина

Што е комунален менаџмент за интеграција (Kommunales Integrationsmanagement)? 

Комуналниот Менаџмент за Интеграција, скратено KIM, е центар за советување и информирање на општините во Северна Рајна-Вестфалија. KIM ги поддржува луѓето кои доаѓаат од странство и сакаат да почнат нов живот во Северна Рајна-Вестфалија. Постојат многу понуди за интеграција. Со KIM имате прегледност над ситуацијата. Тука информациите се собрани во едно и ќе Ви ги одговориме важните прашања во врска со интеграцијата. 

Што добивам од KIM?

Имате многу предизвици и теми? KIM кејс менаџерите добро се запознаени со процесот на интеграција и сакаат да Ви помогнат. 

Имате прашања за Вашиот статус на престој, Вашата станбена ситуација, јазичен курс, вработување / обука или други теми? Кај KIM ќе добиете одговори, информации и поддршка. Заедно со вработените во KIM-Кејс менаџмент ги планирате следните чекори кои ќе Ви помогнат во Вашиот личен процес на интеграција. Ова е понуда од наша страна: Ако сакате, ќе добиете интензивно советување и ќе Ве пратиме во сите области. KIM-Кејс менаџерите Ви стојат на располагање! 

Што е KIM-Кејс менаџмент (KIM-Case Management)?

Независно од тоа од каде сте и каков е Вашиот статус на престој: Од KIM-Кејс менаџментот ќе добиете совети и ориентација. Со Вашето контактно лице разговарате за Вашите проблеми и потреби. Заедно може да подготвите адекватен план за Вашата интеграција. 

Темите за кои може да разговарате со Вашето контактно лице во KIM-Кејс менаџментот се разновидни и се ориентираат на Вашата ситуација. Вашиот личен кејс менаџер Ви помага да се снајдете во Вашата општина и да ги постигнете Вашите индивидуални цели за интеграција. 

Вашите предности од Комуналниот Интеграциски Менаџмент 

1. Почетна точка за Вашите прашања:

Наместо многу поединечни средби и различни контактни лица на различни канцеларии и управи, KIM Ви нуди едно место за сите теми поврзани со Вашиот процес на интеграција. Оваа ориентација Ви заштедува време и напор.

2. Индивидуално советување:

Обратете се на KIM и запознајте го Вашето лично контактно лице во KIM-Кејс менаџментот, кое ќе Ве прати низ Вашиот цел процес на интеграција. При тоа, во фокус стои Вашата индивидуална семејна и животна ситуација. Вашиот KIM-кејс менаџер заедно со Вас наоѓа решенија кои ги земаат во предвид Вашиот потенцијал, ресурси и предизвици. 

3. Учество во животот во Вашиот град:

Преку KIM добивате контакт за курсеви за јазик, пазарот на недвижнини, образовни можности и културни понуди. На тој начин можете да изградите нови контакти и наскоро да се почувствувате како дома во Северна Рајна-Вестфалија.

Само што сте се доселиле во Северна Рајна-Вестфалија? Само што се доселиле во еден град?

Размислувате за прашања поврзани со статусот на Вашиот престој, официјални барања, интеграциски понуди и надоместоци. Размислувате и за теми од Вашиот секојдневен живот: Зошто е јазикот важен и како можам да го научам? Како функционира интеграцијата на училиште? Како можам да работам во Германија? Постојат ли работни понуди за странски стручњаци? Како функционира културната интеграција? Можам ли да бидам медицински третиран? 

Важно е да се занимавате со различни аспекти на интеграцијата. Благодарение на KIM, ова не морате да го правите сами. KIM-кејс менаџерите работат распределени низ целата област на Северна Рајна-Вестфалија. Искористете го нашиот пребарувач за советување сега! 

Информации за издавање на право на престој со шанса (Chancen-Aufenthaltsrecht) 

Законот за воведување на правото за престој со шанса („Gesetz zur Einführung eines Chancen-Aufenthaltsrechts“) стапи на сила на 31 декември 2022 година и важи три години. Според законот, лицата кои се подолго време со статус на толерирање имаат можност да останат тука. Со правото за престој со шанса (Chancen-Aufenthaltsrecht) добивате временска дозвола за престој, за да ги исполните условите за уште едно право на престој во рок од 18 месеци. 

На следните интернет страници ќе најдете дополнителни информации за условите за правата за престој со шанса (Chancen-Aufenthaltsrecht) и што треба да имате на ум. Ако сакате да дознаете повеќе за правото за престој со шанса (Chancen-Aufenthaltsrecht), контактирајте го вашиот KIM-кејс менаџер. 

Линкови и доунлоди

KIM-приказните

KIM-приказните раскажуваат за луѓе кои добиеле или добиваат поддршка од Ким-кејс менаџерите (Kim-Case Manager:innen). Тие си изградиле нов живот во Северна Рајна-Вестфалија и ја збогатуваат нашата заедница, преку работата како негувателки или возачи на автобуси. Но зборуваат и луѓе од КИМ-кејс менаџментот (KIM-Case Management) или други интеграциски политички области кои известуваат за интеграцијата и нивните искуства на терен.   

Скролувај на почетокот на страницата